Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во Центарот за култура во Куманово Во големата сала на Центарот за култура Трајко Прокопиев во Куманово утре во 20 часот ќе биде изведена Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ .
Се одржа манифестацијата „Велигден-ист, на различен начин“ Изложба на велигденски јајца и промоција на литературни творби посветени на големиот христијански празник Велигден, беа дел од манифестацијата „Велигден-ист, на различен начин“ во организација на Здружението „Живот“ од Куманово.
Поскапува бензинот БС-95, поевтинува eкстра лесното масло за домаќинство Бензинот еуросупер-95 поскапува за половина денар, а за толку поевтинува екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Денеска бесплатен влез во музеите и локалитетите низ земјава По повод Светскиот ден на културното наследство - 18 април, денеска бесплатен ќе биде влезот во сите музеи и локалитети низ државата.
Ваш глас: Жителите на три улици во Куманово со години не добиваат пратки, од поштата велат грешката е во адресите Жителите на улиците Доне Божинов, 502 и 503, што во близина на Спомен-костурницата во Куманово, се жалат дека повеќе од седум години не добиваат писма ни пратки на домашната адреса затоа што вработените во Кумановската пошта не им ги доставуваат.
Изгор скап зеленчук на пазарите во Куманово Не се почитуваат замрзнатите цени на земјоделските производи на зелениот пазар во Куманово, на неколку дена пред Велигден.
За празникот редуциран градски превоз во Куманово Во деновите на велигденските празници јавниот превоз ќе биде редуциран, односно ќе функционира само два дена.
Изложба и избор на најубаво велигденско јајце на Градскиот плоштад во Куманово На градскиот плоштад во Куманово, во вторник, вториот ден на Велигден, со почеток во 12 часот ќе се одржи манифестацијата „Велигден, ист на различен начин“, која ја организира Здружението „Живот“, од Куманово.
Затрупана опасната дупка на Градскиот кеј Големата дупка, која повеќе од еден месец зјаеше незаштитена на Градскиот кеј во Куманово, конечно е затрупана со земја. Работата ја заврши екипа од ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово.
Велигденски празници, петок и понеделник неработни Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 14 април - петок, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
Во „Св. Никола“ ќе биде централното одбележување на Велигден, служби ќе има во сите храмови на кумановско-осоговската епархија Централното одбележување на големиот христијански празник Велигден ќе биде во храмот „Св.Никола“ во Куманово, а со литургиите ќе чиноначалствува владиката Григориј. Празнично ќе биде во сите останати цркви во градот и селата.
Изложба на скулптури во керамика инспирирани од делата на Пабло Пикасо Во Уметничката галерија на Музеј-Куманово утревечер во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот уметник Филип Фидановски, под наслов „Пикасо можеби јас“.
1.200 нови болни од рак на дојка во Македонија, затоа што нема мамографи и редовни прегледи Околу 1.200 новозаболени од рак на дојка се регистрирани во текот на минатата година во Македонија, поради тоа што не одат редовно на преглед.
Два земјотреси во Свети Николе и Штип Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава регистрираше два земјотреса 70 километри југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Свети Николе - Штип.
“Планината го има последниот збор” изложба на фотографии на Бобан Стефановски Во изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово утре со почеток во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии “Планината го има последниот збор” од Бобан Стефановски.
Предавање за превенција од малигни заболувања Во организација на здружението за борба против рак „Борка - Езра“, утре во 14.30 часот во кружната сала на зградата на поранешен „Комитет“ во Куманово ќе се одржи едукативно предавања за превенција и рано откривање на малигните болести.