Бројни гости на централната прослава за 22-годишнината на ЕБР во Куманово Синоќа, пред Градскиот базен во Куманово се одржа централната свеченост по повод 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување на која присуствуваа највисокото раководство на МВР, министри, пратеници, претставници на државни институции и локалната самоуправа, раководството на Македонскиот полициски синдикат, претставници на семејствата на загинати припадници на ЕБР, како и бројни жители на Куманово.
Кумановец признал кражба на златен накит откако бил приведен С.Р.(27) од Куманово бил приведен вчера од полицијата поради сомнение за кражба на златен накит во месец август.
Граѓаните се дружеа со ЕБР на изложба на нивната опрема во Градскиот парк во Куманово (видео) Во Градскиот парк во Куманово се одржа изложба и презентација на средства и опрема со која располага Единицата за брзо распоредување (ЕБР), специјална единица на Министерството за внатрешни работи.
Тешко повреден кумановец откако излетал со возило од патот Дваесет и тригодишен кумановец се здобил со тешки повреди во сообраќајна незгода што се случила на локалниот пат Куманово-с.Романовце, во село Романовце, вчера во 16 часот.
Свечено откриена спомен-плоча во Куманово во чест на загинатите полицајци во „Диво Насеље“ (фотогалерија) Во кругот на СВР Куманово денеска беше откриено Спомен обележје во чест на загинатите припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље“.
Три интервенции на пожари на сува трева и стрништа Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден интервенирале на гасење пожари на сува трева и стрништа.
Утре „Тумба фест 2023“ на Градскиот плоштад во Куманово Утре, четвртко, со почеток во 20 часот ќе се одржи 11-то издание на „Тумба-фест“ на Градскиот плоштад во Куманово.
Кумановка пријавила обљуба од страна на две лица Кумановка пријавила во полицијата дека две лица извршиле обљуба над неа.
Маестрално музичко доживување на кумановци со Трио Џентламен (видео) На синоќашниот концерт на триото „Џентламен“ на платото пред Центарот за култура во Куманово се собра публика која вистински уживаше во најголемите светски хитови изведени во поп-класичен манир, наполитански канцони, шпански песни и песни од македонското творештво.
Приведен кумановец баран со потерница за издржување на затворска казна Кумановецот Е.И .(34), кој бил баран со потерница за издржување на затворска казна бил приведен вчера од страна на кумановската полиција.
Пензионерите обвинуваат за ненаменско трошење на чланарината и бараат таа да биде на доброволна основа (видео) На денешниот протест на кој учествуваа поголем број кривопаланечките пензионери предводени од Иницијативниот одбор беа поддржани генералните барања за покачување на пензиите и изнесени дополнителни барања.
Во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Свети Николе повредени 3 лица Во сообраќајна несреќа помеѓу две возила, која се случила вчера изутрина на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе и локалните патишта за с.Грабеш и за с.Новосељане, повредени се три лица од кои едното се здобило со тешки телесни повреди.
Извршен третман против крлежи и комарци на зелените градски површини Во раните утрински часови, во период од 5 до 8 часот на подрачјето на Општина Куманово се изврши дезинсекција на зелените градски површини со третман против крлежи.
Спомен обележје во Куманово во чест на загинатите полицаjци во „Диво насеље” Во кругот на СВР Куманово, утре, во 9,30 часот, ќе биде откриено спомен обележје посветено на 8-те загинати припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка во „Диво насеље”.
Раздор меѓу пензионерите кои протестираат во Куманово- Иницијативниот одбор остана со само 3 члена Во Иницијативниот одбор на пензионерите кои протестираат во Куманово, што беше формиран пред неполни четири недели, остануваат само 3 члена од првичните осум.
Трио Џентлмен вечерва со настап пред Центарот за култура во Куманово На платотот пред Центарот за култура во Куманово , вечерва,со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на отворено на популарното Трио Џентлмен од Скопје.