„Графит фест“ не доби поддршка од Општината поради непотполна документација, тврдат од Секторот за култура Проектот „Графит фест“ не доби финансиска поддршка од Општина Куманово, затоа што Здружението на ликовна уметност „Форма“ не достави комплетна документација на јавниот повик за финансирање на проекти од Програмата на културни манифестации за 2022 година, велат од Општина Куманово.
Владата не ги продолжи антикризните мерки - поскапуваат храната и горивото Цените на основните прехрамбени производи и горивата, се очекува да се зголемат, откако Владата на денешната седница не ги продолжи мерките за нивно ограничување.
Детскиот фестивал „Распеано детство“ утре во Центарот за култура во Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре во 20 часот ќе се одржи 17-то издание на Фестивалот на детска песна „Распеано детство“.
Украден матерјал од градилиште на патот Крива Паланка – Деве Баир Непознати лица украле градежен матерјала на градилиште на патот Крива Паланка – Деве Баир.
Изградбата на кружните текови го блокира сообраќајот во градот, возачите лути Изградбата на кружниот тек на раскрсниците на улиците „Трета МУБ“, „Гоце Делчев“ и „Бајрам Шабани“, го блокира сообраќајот на овие фреквентни улици.
Тројца кумановци добиле позитивен тест на ковид-19 Тројца кумановци се регистрирани за новозаразени од ковид-19 во последните 24 часа во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Дизелот поскапува за еден денар, бензините остануваат по иста цена Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36%, при што за еден денар се зголемува цената на дизелот и на маслото за домаќинство, а цената на бензините останува непроменета.
Пожарот во Тетово го гаснат и кумановски пожарникари Пожарникари од Територијалната противпожарната единица Куманово претпладнево заминале во Тетово да им помогнат на колегите во гаснењето на големиот пожар.
Приведен кумановец, се сомничи дека извршил кражби во станбен и деловен објект Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека во станбен објект на улица „Лесковачка“ во Куманово и во деловен објект на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово извршил кражби при што одзел повеќе предмети.
Во Куманово наврна 17 литри дожд, нема штети од невремето Во текот на вчерашното попладне навнале 17,1 литар на метар квадратен дожд во Куманово. Поројниот дожд проследен со силен ветар, електрични празнења и град, не предизвикал поголеми штети.
За исчезнатото село Бислим кај Куманово Бислим била мала претежно сточарска населба. Се наоѓала на варовничка подлога на надморска височина од околу 350 м помеѓу соседните села Пчиња на југ и Доброшане на север, од десната страна на реката Пчиња.
Графити фест ќе се одржи по четврти пат во Куманово, но без поддршка на Општината Во Куманово, утре по четврти пат ќе се одржи манифестацијата Графити фест. Овој пат уметници од земјата и странство ќе цртаат на отворено во населбата Гоце Делчев, поточно во Трговскиот центар каде што некогаш се наоѓаа просториите на Агро Куманово.
Општината тврди дека нема злоупотреби со службените 562 мобилни линии, по објавата на Левица Договорот за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги важи за повеќе субјекти од општинска администрација, членови на Советот на Општина Куманово, 17 општински основни и 5 средни училишта, 6 општински јавни претпријатија, 4 општински установи и 35 за територијална противпожарна единица, стои во одговорот на градоначалникот Максим Димитриевски, по објавата на партијата Левица дека Oпштината потпишала договор за 562 службени телефони во износ 153.500 илјади евра, што е пример за непродуктивни трошоци на штета на граѓаните.
Романската амбасадорка во посета на Куманово Амбасадорката на Република Романија, Адела Моника Аксинте, придружувана од почесниот конзул Алириза Османи, денеска беше во посета на Општината и на Општата болница во Куманово.
Приведено лице од липковско, се обидело да подигне кредит со туѓи податоци Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода Р.З.(27) од село Слупчане, липковско, бидејќи се обидел да подигне брз кредит со податоци од лична карта на друго лице.
Отворен ден во „Наце Буѓони“ за претставување на училишните програми Општинскотот средно техничко училиште „Наце Буѓони” утре (петок) организира Отворен ден, со цел на идните средношколци да им ги претстави програмите и можностите за упис во училиштето.