За по два денари пониски цените на нафтените деривати За два денари по литар се намалуваат цените на Еуросупер бензините од 95 и 98 октани, Еуродизел горивото и Екстра лесното масло за горење, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Намлувањето во просек изнесува 2,12 проценти во однос на досегашните цени на нафтените деривати.
За прв пат се воведува алатка за 3Д приказ на Бислимската тврдина за подобрување на туристичката понуда на локацијата Алатката е стадард за локалитети во светски рамки со која визуелно може да се претстави и доживее одреден временски период, објект или локалитет.
Од понеделник започнува Меѓународен фолклорен фестивал во Куманово Со дефиле низ улиците низ градот, од понеделник 26 август започнува петтиот„ Меѓународниот фоклорен фестивал“ во организација на Културно-уметничкото друштво Панче Пешев од Куманово. Во три фестивалски дена ќе настапат два ансамбли од Грузија , еден од Србија и фолклорни друштва од Македонија.
Проевската вода неисправна за пиење, соопштија општинските служби Центарот за јавно здравје Куманово доставило допис до општинските служби дека водата од чешмите во селото Проевце(голем чеп) е неисправна за пиење.
Малолетник се здобил со тешки повреди во судир меѓу товарно моторно возило и мопед Едно малолетно лице се здобило со тешки повреди, а двајца возачи со телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу товарно моторно возило и мопед на улицата „Индустриска“ во Куманово.
Дури 93 точки на дневен ред на седница на Советот на Општина Куманово Измени и дополнувања ќе претрпи одлуката за формирање на цени на услугите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, промена Статутот на „Куманово -гас“, како и отчет за сработеното во вториот квартал од годинава ќе дадат јавните претпријатија на 43-та седница на Совет на Општина Куманово во вторник, 27 август во кружната сала на тн Комитет. Меѓу другото ќе се одлучува и за проширување на средства на буџет на општината за 2024 година.
Mакедонските археолошки центри на егејскиот брег посетени од Дејан Ѓорѓиевски од Музеј Куманово Археологот Дејан Ѓорѓиевски од Музеј Куманово беше на еднонеделна студиска посета на локалитети во Грција, кои претставувале македонски центри на егејскиот брег. Посетата била дел од проектот „Хеленистичкиот период во кумановско – влијанието од егејските македонски центри“, дел од редовната годишна програма на институцијата.
Разрешување на актуелното раководство на здружение на пензионери Куманово едно од барањата на денешниот собир Разрешување на актуелното раководство, организирање на легитимни избори, промена на статутот со кој во иднина функциите ќе се обавуваат волонтерски се дел од барањата на членови на Здружение на пензионери Куманово. Тие одржаа собир на кој ги истакнуваа проблемите со кои се соочуваат и револт од игнорантскиот однос на претседателот Ристо Бошков и останатите функционери.
Доцни платата на вработените во „Пазариште“ Три месеци по ред доцни платата на вработените во Јавното претпријатие „Пазариште“ Куманово, а главна причина е што препријатието има големи расходи на месечно ниво, особено во ставката за исплаќање на личните доходи.
Кумановец бил отпуштен од јавно претпријатие без исполнети законски норми Кумановец пријавил во полиција дека во 2022 година бил отпуштен од јавно претпријатие без да бидат иполнети законските норми.
Во Куманово осум ковид инфекции за првите две недели во август Во првата половина на август, потврдени се осум случаи на Ковид инфекција на жители на Куманово, со тестови во Микробиолошката лабораторија на Центарот за јавно здравје. Станува збор за најновиот, мутиран сој на корона вирусот, кој дава полесна клиничка слика, а и самата бројка покажува дека состојбата во градот е стабилна.
ФЗО Куманово отстапи 86 инвалидски колички на кумановската болница Општа болница Куманово на трајно користење доби 86 инвалидски колички од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Куманово. Тие се отстапуваат за потребите на пациентите на сите одделенија во болницата.
Превентивни активности на граничните премини за поголема безбедност во сообраќајот На граничните премини Табановце, Белановце, Пелинце и Деве Баир полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во текот на изминатата недела реализираа превентивни активности за поголема безбедност во сообраќајот.
„Флекс кредит“: Доверлив и безбеден процес на идентификација и заштита на личните податоци Целосна системска контрола преку лична идентификација и следење на кредитниот ризик применува финансиското друштво „Флекс кредит“. Согласно законската регулатива која неодамна Министерството за финансии дополнително ја зајакна со измените на Правилникот за кредитен ризик, друштвото целосно ја гарантира безбедноста во процедурите за идентификација и одобрување на кредитите со што клиентите целосно се заштитени.
Специјалисти од сите профили недостасуваат во Општа болница Куманово, најургентни се анестезиолозите Во кумановската Општа болница недостасуваат специјалисти од сите профили, но најургентно е вработување на анестезиолози, рендгенолози, ортопеди, уролог, специјалисти за оториноларингологија и инфективни болести.
Обуки за барани занимања во Центарот за вработување во Куманово Невработените лица од Куманово можат да се пријават во работните клубови на Центарот за вработување за „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“. Обуките ќе се изведуваат кај верификувани спроведувачи на обуки.