Повреден мотоциклист на патот кон Романовце Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа при судир на мотоцикл и автомобил.
Во Куманово денеска и утре ќе се прска против бубашваби, глувци и комарци Денеска и утре ќе спроведе третмани за дезинсекција и дератизација од земја, против бубашваби, глувци и комарци .
Бучен Козјак го прослави Светскиот ден на млекото Реномираната кумановска компанија за преработка на млеко и млечни производи Бучен Козјак денеска го прослави Светскиот ден на млекото - 1 јуни и 41-виот роденден.
Над 400 автомобили учествуваа на првиот автособир на Аџитепе На спортскиот аеродром Аџитепе денеска се одржа првиот автособир на кој учествуваа над 400 автомобили. Манифестацијата ја организираа клубовите Тјунингславиа и Илегал Хантерс од Куманово, на задоволство на многубројната публика и учесниците.
Хуманитарна акција за помош на лицата од мултипла склероза Здружение на граѓани за поддршка на семејства на лица со автоимуна болест - „Позитиво МС“ од Куманово, утре организира хуманитарна акција за собирање на средства за помош на лицата заболени од мултипла склероза (МС)
Работилница за деца во рамки на Фестивалот на проза во Куманово Шеесетина ученици од петто одделение од ОУ „Крсте Мисирков“ денеска присуствуваа на детска литературна работилница, која е дел од Фестивалот на прозата во Куманово.
Жителите на улицата „153“ во населбата Карпош бараат асфалт и осветлување (видео) Улицата „153“ во населбата Карпош нема асфалт и улично осветлување. Жителите се жалат дека овие проблеми секојдневно им го отежнуваат животот, бидејќи кога врне газат кал, а лети се душат во прашина.
За три години рециклирани 10 милиони пластични шишиња и лименки во земјава Десет милиони шишиња и лименки се собрани во повратните вендинг машини на „Пакомак“ од нивното поставување во 2021 година. Пластичните шишиња и лименки кои се одложуваат во повратните вендинг машини потоа повторно се рециклираат во амбалажа.
„Куманово-гас“ првиот квартал од годината го заврши со добивка од 5.000 евра, кажа директорот Митровски Добивка од 290.000 денари или скоро 5.000 евра остварило ЈП „Куманово-гас“ во првиот квартал од 2024 година.
Во сабота ќе се одржи првиот автособир во Куманово На Спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово, во сабота ќе се одржи првиот собир на автомобили, во организација на клубовите Тјунингславиа и Илегал Хантерс од Куманово.
Општината потфрли во информирањето на граѓаните за кризата со водоснабдувањето, кажаа советниците во Советот Дел од советниците на вчерашната седница упатија отворена критика до претседателката и Советот и до Општинскиот штаб за заштита и спасување за ненавремено и нецелосно известување за состојбата со водоснабдувањето во Куманово, по невремето во Липковско, кое една недела го остави градот без вода за пиење.
Приведен кумановец осомничен за физичко и сексуално малтретирање на сограѓанин Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 62-годишен кумановец, под сомнение дека физички и сексуално малтретирал 48-годишен маж од Куманово.
Државна матура ќе полагаат 866 ученици во 5 средни училишта во Куманово Во пет средни училишта во Куманово за полагање на државна матура се пријавиле 866 ученици, 316 за завршен испит и четворица за училишна матура.
Изложба на фотографии на жени спортистки во пресрет на Летните олимписки игри во Париз Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вчера беше отворена изложбата „Жените и спортот“, на која се прикажани врвни македонски спортистки, во пресрет на Летните олимписки и параолимписки игри во Париз, Франција.
Два дена Фестивал на проза во Центарот за култура Третото издание на Фестивалот на прозата ќе се одржи во четврток и петок во Центарот за култура во Куманово.
Може да се пие водата од градскиот водовод во Куманово, потврди АХВ Водата од градскиот водовод во Куманово е безбедна за пиење покажале анализите во Центарот за јавно здравје Куманово, а потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). По една недела граѓаните ќе можат да ја користат водата во секојдневна употреба без ограничување.