×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Идејата е бесмртна

    Емил Ташевски

    Идејата е бесмртна. Менува облик, се прилагодува на времето, но никогаш не се губи. Исто како и материјата. Пред некое време поднесов кандидатура за претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово. Разврска нема, иако крајниот рок за именување според роковникот поставен на официјалниот сајт на партијата требаше да биде уште пред десетина дена. Напишав програма која се темели на вредностите кои ги пропагира самата социјалдемократија.  Акцентот го ставив на транспарентноста како поим кој досега беше стран за самата општинска организација, бидејќи само преку неа можеме да се погледнеме во очи и да си ги кажеме своите недостатоци и квалитети.  Другите начела и вредности на кои ставив посебен акцент ми се другарството, хуманоста, еднаквоста и дигитализацијата која е неминовна во ова време во кое живееме.

    Се прашувам дали овие идеи, кои јас ги имам можат да се спроведат низ досега познат институционален облик на функционирање на самата партија или можеби треба нешто ново и различно? Испровоциран од некои коментари и изјави од тип “Криминално здружение маскирано како партија”, “Шарлатани маскирани како интелектуалци”, “Корумпирани аналфабети маскирани како влада” и слични, ме мотивираа преку оваа колумна да влезам во интеракција со моите читатели и да прашам дали идеите кои јас ги пропагирам се маска и безидејност?! Дали на партиите им треба мир и континуитет, или револуција и дисконтинуитет од сето познато до сега? Мојата идеја за функционирање на ова општество е слушање на различно мислење. Доста со кревање на раце и додворување. Не им мислите така добро на своите деца. Престанете да се сложувате со моите ставови откако ќе завршат партиските состаноци на кои учествувате само како бројка. Овде веќе не се работи за социјалдемократија, левица, десница, овде се работи за нормални и основни човекови вредности. 

    Партијата не смее да биде братство. Во најмала рака ниту дружина. Ние сме способни, пристојни и нормални луѓе. Никако не треба да дозволиме да бидеме поданици.

    Знам што не сакам, но знам и што сакам. Сакам институции кои функционираат. Сакам да завладеат човекови и цивилизациски вредности: солидарност, чесност, хуманост, вистина, пристојност, култура, спортски дух... Сакам и да се смеам, да сакам и да создавам. Сакам да пофалам, но и да критикувам, да бирам и да бидам заштитен од омраза и насилство. Пред некое време напишав статус дека ова не е прашање дали јас ќе бидам претседател на партијата, туку е прашање дали ќе престане поклонувањето во партискиот систем. Како што реков идејата е бесмртна. Дали ова е правиот пат кон подобро општество за нас и нашите деца ќе покаже времето. 

     

    Емил Ташевски Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*