×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Време е за РЕД

    27.09.2025 11:14 | Емил Ташевски
    Емил Ташевски

    Куманово одамна престана да биде град со кој луѓето се гордеат. Од симбол на енергија и развој, се претворивме во место на запуштеност, хаос и постојано потценување на граѓанинот. Раскопани улици и трули мостови, јавен превоз што повеќе личи на шега отколку на услуга, депонии што растат како печурки, вода и канализација кои сведочат за минат век - ова е суровата слика на секојдневието.

    Наместо вистински одговори на проблемите, со години ни се продаваа илузии. Наместо чесна работа - спектакли на хартија. Наместо план - скапи 3Д-анимации кои убаво изгледаат на плакати, но не можат да ги закрпат дупките ниту да ја исчистат депонијата Краста. Ова не беше развој, туку маѓепсан круг на лаги и празни ветувања.

    Зад запуштеноста се крие уште поголемата болест - корупцијата. Јавните добра се третираа како приватна сопственост, општинскиот имот се распродавал без план, јавните набавки беа театар за избрани фирми, а институциите - алатка за партиски вработувања. Граѓаните го плаќаа тоа со долгови, со поскапи и полоши услуги, со изгубени години и изгубени шанси.

    Затоа „Ред за Куманово“ е повеќе од изборна програма - тоа е почеток на борба за градот. Тимот на Горан Стојковски - Диро и советниците ја носат визијата за чесна, функционална и транспарентна општина. Нивниот план е јасен: крај на приватизацијата на јавниот интерес, крај на корупцијата, крај на спектаклите без покритие. Секој денар ќе биде видлив за граѓаните, секој договор транспарентен, секоја одлука отчетна.

    Ова е визија за Куманово со системски решен отпад и чист воздух, со нови училишта и градинки, со спортски сали и здрави зелени површини. Град што ќе се развива рамномерно, со јавен превоз кој ги поврзува сите населби и со инфраструктура достојна за 21 век.

    Противкандидатите можат и понатаму да нудат макети и празни ветувања. Но Куманово веќе нема време за илузии. Ниту една анимација не може да ја замени чистата вода, безбедниот мост или сигурниот јавен превоз. Ниту еден спектакл не може да ја избрише смрдеата од депониите, загадениот воздух или хаосот во урбанизмот.

    Изборот е јасен: или ќе продолжиме да живееме во град на нефункционален превоз, улици со дуки и распродадени јавни добра, или конечно ќе изградиме Куманово со ред, визија и правда.

    „Ред за Куманово“ е повик за обнова и надеж, за крај на сите неправди и години на негрижа. Тимот на Диро и советниците ја носат таа борба со знаење, чесност и храброст.

    Куманово е наше. Куманово е твое. Време е да го извадиме од хаосот и конечно да му вратиме животот што го заслужува.

    Емил Ташевски, Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*