×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За владата буџет има, за граѓаните пари нема!?

    Бране Петрушевски

    Владата во наредната 2022 година планира да потроши рекордни 4,4 милијарди евра. Без дилеми, ова е буџет кој е историски највисок, нереален и неразвоен, со многу непродуктивни трошоци. И нормално дека е невозможно Владата  да ги собере овие пари, туку повторно буџетскиот дефицит ќе се финансира со задолжување. Тоа значи нови 800 милиони евра долг, односно на крајот на годината јавниот долг ќе биде на историски највисоко ниво од околу 66% од БДП. Преведено народски, државата галопира кон банкрот. 

    И на толку планирани рекордни суми за трошење, повторно за граѓаните пари нема! Чудно нели, на прагот на енергетска криза да немате планирано ниту едно евро помош за граѓаните и за стопанските субјекти!? Чудно, ако се знае дека стапката на невработеност во Македонија е високи 15,9%, додека во Србија 11,1%, во Албанија 11,6%, во Бугарија 5,6%. Ова покажува дека сме на дното, односно дека имаме највеќе наши сограѓани без редовен работен однос. Паралелно, исплатената нето просечна плата во Македонија изнесува 464 евра, додека во Србија 553 евра, Косово 560 евра, Црна Гора има 530 евра, а Бугарија има 609 евра. Значи дека од сите компаративни анализи кои што живот значат, ние сме во се најлоши на Балканот и регионот. Но на владата и е побитно да се луксузираат функционерите со мебел и нови возила, отколку да помогне на граѓаните.

    Фактите се поразителни и сурови. Оваа влада во заминување нема никаква идеја и концепт како да ја извади државата од оваа тешка и катастрофална ситуација во која што впрочем самата ја втурна и упорно ја води Република Македонија во амбис. И замислете, Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев мува не ги лази. Тие упорно продолжуваат со истите приказни дека блескаме, дека економијата цвета, индустријата работи под полна пареа, здравството е меѓу најдобрите во Европа, образованието е реформирано, а граѓаните немаат никакви проблеми и се меѓу најсреќните и најбогатите во регионот. Сепак, вистината и реалноста се сурови и брутални.

    Не смее и не може да има пари за тендери, за партиски вработувања, за крадење и провизии, за луксузирање и авионски летови, а да нема пари за безбедни модуларни болници, за патишта, за училишта и градинки, и најново, во 21 век да нема електрична енергија. Токму затоа, како и во претходните години, со претходните буџети и ребаланси на буџети, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме околу 200 амандмани преку кои се обидовме да интервенираме и да поправиме нешто што се’уште може да се поправи. 

    Имено, поднесовме голем број на суштински амандмани во сферата на енергетиката, образованието, здравството, но и во делот на животната средина. Ова се амандмани кои се произлезени од потребите и барањата на граѓаните и стручната јавност со цел амортизирање на шокот и намалување на штетите кои ни престојат во делот на енергетиката, економијата и здравството. За жал како и до сега, без око да и трепне Владата ги одби скоро сите наши конструктивни амандмани.

    Како пратеник од општина Куманово поднесов Амандмани со кои побарав  100.000.000 денари за изработка на проектна документација и изградба на водоснабдителни и канализациони системи во населени места во општина Куманово;  60.000.000 денари за изработка на проектна документација и градење на локални патишта во општина Куманово; 25.000.000 денари за изработка на проектна документација и изградба на зграда на гимназијата Сами Фрашери во општина Куманово; 20.000.000 денари за модернизација и преадаптација во претоварен пункт на депонијата Краста Куманово. Без никакво разумно образложение овие Амандмани беа одбиени од страна на Министерството за финансии и неизгласани од страна на пратениците од власта. 
    Ова е се што треба да се знае за оваа влада. Пари за нив има, за народот нема!

     

    Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*