Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се уште има вработени во државната управа и во правосудството кои се со примања под минималната плата. Просечната плата секоја година се зголемува до 5 проценти, минималната плата сега е зголемена за близу 3.000 денари, додека само нашите вработени немаат добиено ништо.Оваа законска обврска мора да важи и за овие вработени“, истакна Трпе Деановски, претседател на УПОЗ, на денешниот двочасовен штрајк на вработените од управата, судовите и државните институции.
Барањето на УПОЗ е линеарно зголемување на платите за сите вработени за 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон, а потоа усогласување на платите за сите вработени.
„Вработените во администрацијата се крајно незадоволни. Помлад соработник во 2012 година земал 20.000 денари плата, сега зема 22.000 денари. Надлежните треба да знаат дека “, посочува Деановски.
Штрајкот на администрацијата од управата и правосудството продолжува и утре, во истиот период, од 10-12 часот.