×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Укинати сите ковид-мерки за влез во Србија

    03.05.2022 10:44 | Сузана Николиќ

    Од денеска престануваат да важат сите контролни мерки и ограничувања за влез во Србија, поврзани со корона вирусот, како за странските, така и за домашните граѓани, соопшти Владата на Србија.

    Укинати сите ковид-мерки за влез во Србија

    Српските државјани, но и странските државјани од полноќ при влез во земјата нема да имаат потреба од негативен ПЦР тест, брз антиген тест, доказ за болест или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Србија.

    Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата е донесена врз основа на моменталната епидемиолошка состојба во земјата и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и ре
     
    Исто така и Хрватска е последната земја од регионот која соопшти дека ги укинува сите ограничувања за влез во земјата, воведени поради пандемијата.

    Влезот во Хрватска е дозволен со уважување на условите за влез кои беа важечки пред епидемијата на ковид-19, односно условите пропишани со законот за Шенген граници, законот за странци и други закони, се наведува во соопштението на хрватското МВР.