×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња

    15.10.2021 07:47 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус

    Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња Фото: Mufid Majnun on Unsplash

    На социјалните мрежи се споделува објавa кои сензационалистичко и ударно тврди дека за да се направат вакцините против ковид-19 биле убивани бебиња. Апсолутно неточно и крајно манипулативно и сензационалистички.

    Вакцината која има за цел да го спаси човештвото е изградена врз Смртта. Мали, невини и беспомошни бебиња беа цинично убиени за да ги спасат лицата на големите луѓе.

    Современиот човек е подготвен да стапне на трупови за да го спаси своето тело од црвите. Дури и стапнувајќи на трупови на деца.

    Не, вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии.

    Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19.

    Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус.

    Овие фетални клеточни линии не се земени од неодамнешни абортуси, туку потекнуваат од легални доброволни абортуси кои што се случиле пред неколку децении. Тие индивидуални клетки од 1970 -тите и 1980 -тите години се одгледуваат и размножуваат во лабораторија при што во изминатите четири или пет децении се создале многу нови клетки, создавајќи ги феталните клеточни линии кои што се користат сега и кои што немаат никаква врска со оригиналните клетки.

    Користењето фетални клетки за тестирање на ефикасноста и безбедноста на лековите е вообичаена практика, бидејќи тие обезбедуваат конзистентен и документиран стандард.

    Вакви клетки се користат за да се развијат вакцини за болести како што се сипаници, хепатитис А, херпес зостер и рубеола, како и лекови за болести како цистична фиброза, хемофилија и ревматоиден артритис.

    Производителите на вакцини можат да ги користат овие клеточни линии при фазите на истражување, развој и производство.

    Вакви клеточни линии се користеле за време на истражувања направени при подготовка на вакцините против ковид-19 на Фајзер и Модерна и Џонсон & Џонсон.

    Кога станува збор за вакцините на Фајзер и Модерна, феталната клеточна линија ХЕК 293 се користела за време на фазата на истражување и развој. Сите ХЕК 293 клетки потекнуваат од ткиво земено од абортус во 1973 година, што се случил во Холандија.

    За вакцината Џонсон & Џонсон, феталните клеточни линии се користеле во фазата на развивање на вакцината. За да се направи вакцината Џонсон & Џонсон, научниците ги инфицирале феталните клеточни линии ПЕР Ц6 за да го зголемат векторот на аденовирусот. Сите ПЕР Ц6 клеточни линии што се користат за развивање на оваа вакцина потекнуваат од ткиво земено од абортус во 1985 година, што се случил во Холандија. Оваа клеточна линија се користи затоа што е добро проучен индустриски стандард за безбедно и сигурно производство на вирусни векторски вакцини.

    Зошто се користат овие клетки?

    Феталните клеточни линии се користат, бидејќи вирусите имаат тенденција да растат подобро во човечките клетки отколку животинските клетки. Феталните клетки не се делат онолку пати колку другите типови на клетки, така што тие можат да се користат подолго.

    Андреа Гамбото, научник за вакцини од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург и водечки развивач на вакцини вели дека човечкото потекло на клетките е важно, бидејќи „животински клетки можат да произведуваат исти протеини, но тие би содржеле различни молекули на шеќер, што – во случај на вакцини – постои ризик да не предизвика специфичен имунолошки одговор“.

    Употребата на вакви клеточни линии е контроверзно за верските водачи и групите кои се залагаат против абортус. Но, на крајот на декември 2020 година, од Ватикан соопштија дека во отсуство на вакцини направени од други извори, морално е прифатливо да се примаат вакцини против ковид-19, кои се развиени со користење на клеточни линии од прекинати фетуси

    Вакви објави се дел од пошироката антиваксерска камапања, чија цел е да ги убеди луѓето да не се вакцинираат. Притоа, за таа цел користат половични, не докрај објаснети тврдења, како што е, впрочем, и оваа објава во која се содржани емотивни фрази како „беспомошни бебиња“ и „трупови на деца“ за дезинформациите побрзо и полесно да допрат до што е можно поголема публика.

     

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар