×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кривопаланчанецот што го фати крстот ја подари наградата на детенце со посебни потреби

    23.01.2023 20:57 | Жаклина Цветковска

    Иван Ѓоргиевски од Крива Паланка , кој го фати светиот крст во водите на Крива Река  за празникот Водици, ја подари наградата што ја доби од општината на мало детенце со посебни потреби.

    Кривопаланчанецот  што го фати крстот ја  подари  наградата на детенце со посебни потреби

    Водици, ја подари наградата што ја доби од општината на мало детенце со посебни потреби.

    Ѓоргиевски, заедно со градоначалникот Сашко Митовски, му го однесоа подарениот телевизор  на 6-годишниот Атанас Ангеловски  и го изненадија за неговиот роденден.

    „Хуманостa и добрината се одлика на човечноста. Во пресрет на 6-тиот роденден на Атанас , кој од мал се бори со животните предизвици,  го посетивме во неговиот дом и покрај радоста што му ја приредивме, посакавме Бог да го благослови со здравје и безгрижно детство“, изјави градоначалникот Митовски.

    Семејството Ангеловски се заблагодари што има добри  и хумани луѓе кои  се сетиле  на нив  и  го израдувале нивниот мал син, како и на убавите моменти што ги приредиле во нивниот дом.

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk