Пакети со храна за ранливи семејства во Куманово, Липково и Нагоричане
Над 100 пакети со храна подели Црвен Крст Куманово на семејства кои се наоѓаат во тешка матерјална положба во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

„По повод новогодишните празници, во изминатиов период Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со своите волонтери подели 75 прехранбени пакети со храна донација од Тутунска банка наменети за стари лица од рурални средини на територија на Општина Старо Нагоричане и Липково. Освен тоа 30 хуманитарни пакети обезбедени од Општинската организација Куманово, беа поделени и за ранливото население од централното градско подрачје. Да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Заедно можеме повеќе“, изјави секретарот на Црвен крст Куманово, Ива Младеновска.
Помошта е поделена во селата Цвиланце, Бајловце, Дејловце, Жељувино, Арбанашко, Степанце, Живиње, Липково, Матејче, Отља и Ваксинце.