По 3.000 денари за секое новороденче и прваче во Крива Паланка
        09.12.2021 11:25
                  |               Сузана Николиќ                                  
	         
      Секое новороденче и прваче во Крива Паланка ќе добива по 3.000 денари од локалната самоуправа, одлучи Советот на Општина Крива Паланка на својата 3- та седница.
 
                  Одлуката за финансиска поддршка е донесена на предлог на градоначалникот Сашко Митовски.
Со оваа одлука се предвидува доделување на финасиски средства во висина од 3.000 денари за секое прваче запишано во учебната 2022/23 година, како и доделување на финасиски средства во висина од 3.000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка во текот на 2022 година.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  





