×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ПРВИТЕ КУМАНОВСКИ ФОТОГРАФИ И ФИЛМСКИ СНИМАТЕЛИ

    13.05.2014 14:28 | KumanovoNews

    За кумановската фотографија, во локални рамки, многу малку се е пишувало. Освен неколкуте пригодни текста на Миодраг Арсовски-Болто, Петар Трајковски во книгата за Георги Малински и на Роберт Јанкуловски вопубликацијата "Фотографијата и филмот на почвата на Македонија", постојаните презентирања на разни фотографии за Куманово во разнимонографските публикации, повеќе за жал не е сторено, во научна смисла на зборот.

    ПРВИТЕ КУМАНОВСКИ ФОТОГРАФИ И ФИЛМСКИ СНИМАТЕЛИ

    Период во кој се создавала фотографската фела во Куманово, кога ги регистрираме првите фотографски мајстори во почетокот на 20 век и фотографии, да речеме за мотиви од градот кои најверојатно егзистирале можеби половина век пред тоа. Како и да се земе кумановската фотографија главно се врзува за две личностикои ги удриле темелите на оваа дејност.

    Првата е на Георги Малински, сигурно основоположник на дејноста, една од најпрестижнителичности на Куманово во почетокот на 20-тиот век,трговец, фотограф, фото репортер на "Илустриранилист"од Белград, агент на Кредит-информ банката од Белград и се разбира прв есперантис на Балканот. Малински е роден 1878 година во Куманово, занаетотво почетокиот на векот го изучувал во Виена, извесенпериод работел во Тетово (1913-1919) и во Париз за даод 1922 година со семејството се врати во родниот гради се до 1951 година ја обавува оваа дејност. Официјално, како што е запишано, Георги Малински во занаетот и во својот дуќан "Фото Марс " е од 1903 до 1951 година. 

    Вториот кумановец кој одиграл важна роља во развојот на оваа дејност во градот, но и во Македонија е Сифрид Трајковски-Миладинов. Роден е во 1895 година во Куманово во семејството на Трајко и Лена, инаку родена сестра на Георги Малински. Занаетот, кај својот вујко Малински и кај него го изучувале и помладите браќа на Сифрид: Методи и Мико. За разлика од својот вујко кој се занимавал со фотографија која денес покрај ликовно фотографската вредност има и историско и етнолошко значење, посебно неговите фотографии на мотиви од градови, настани и луѓе, Сифридовите фотографии се повеќето студиски, со различен формат, обично 50 х 6о см, со користење на сув жиг на атељето и фотографот.

    Неговото фотографско атеље "Фото Јупитер" се сметало за едно од најсовременитево тој период. Тој во Куманово самостојно се бави со занаетот од 1919 година, од 1923 година е член на Занаетчиското здружение на Куманово, од 1937 година отвора свое атеље во Скопје, а од 1947 година заминува со Сопругата Надежда и синот Ангел за Пореч, а потоа во Загреб, што каде на Месникова улица отвора свое атеље - Фото Миладинов.

    Првиот македонски документарен филм во колор го снимил токму Сифрид Трајковски-Миладинов со назив "Галичник".

    Филмот ја работи ,,Галичката свадба,, во таа година, а сценариото, камерата и режијата биле негова. Богато стекнатото знаење многу ќе му користи подоцна на неговиот син Ангел Миладинов, кој по завршување на Историја на уметност на Загребското свеучилште ќе продолжи да ја доградува и усовршува дејноста на својот татко и сето она што новото го носеше со себе.

    Вработувајќи се 1957 година во Телевизија Загреб, па се до својата трагична смрт во 1985 година година, Ангел Миладинов не само што ќе го обезбеди континуитетот на онаа "несекојдневна дејност" со која се бавел неговиот татко, туку истата до толку ќе ја надгради, и како уредник и режисер ќе израсне во личност која во една анкета спроведена пред петнаесетина години, хрватските новинари ќе го прогласат за личност која дала најголем придонес во развојот на ХТВ. Континуитетот кој го споменавме, и кој на некој начин оваа семејство, чии корени се длабоко во Куманово, го негува речиси еден век, денес го продолжува Иван Миладинов, еден од синовите на Ангел Миладинов и на Сандра Лангехолц-Миладинов, (вториот Кирил се занимава со филозофија) инаку на времето познатата пејачка, водителка и актерка, кој е еден од престижните ТВ и филмски режисери на ХТВ.