×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кошаркарите на Куманово во Прва лига

    07.05.2010 14:08 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово  по извојуваната победа над КК Милениум влегуваат во Првата македонска лига. До крајот на првенството остануваат уште два натпревари кои нема битно да ја сменат сегашната состојба.

    Кошаркарите на Куманово во Прва лига

     Првиот ќе биде службен против дисквалификуваните Академија Баскет, а вториот го играат против АБА Струмица, со која имаат подобар меѓусебен скор, па кумановчани предвреме можат да го слават „влезот“ во елитата.

    Ова беше долга и напорна сезона. Имавме доста проблеми со повредите, тешки натпревари, силни противници како АБА и Ултимејт Баскет, но сепак успеавме да се одржиме на врвот. Сега сето тоа е зад нас, и мораме што подобро да се припремиме за Прва лига каде ќе ни биде доста потешко - изјави Кристијан Маневиќ

    За втор патник меѓу најдобрите, ќе се борат екипите на АБА Струмица, и Ултимејт Баскет од Прилеп.

    По девет годишна пауза, Куманово повторно ќе има свој кошаркарски прволигаш, и ова е најава за повторно враќање на кошарката во Куманово.