Мени

Петнаесетгодишник со „мерцедес“ удрил во велосипедист

26.09.2026 17:01 | KumanovoNews

Велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил управуван од 15-годишник. Несреќата се случила вчера во 22:30 часот на локалниот пат во селото Лопате, Кумановско.

 

Петнаесетгодишник со „мерцедес“ удрил во велосипедист

Според информациите од полицијата, во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од село Лопате, и велосипед управуван од И.Х. (50) од истото село.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Куманово.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.