×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските падобранци најдобри

    09.05.2010 15:55 | KumanovoNews

    На Меѓународниот падобрански куп што го организираше аеро клубот „Доне Божинов„ Куманово во екипна конкуренција, прво место освои „Кватро„ од Куманово, втора беше екипата на Ниш од Србија, а трета репрезентацијата на Црна Гора.

    Кумановските падобранци најдобри

    Во поединачна конкуренција, најголем  број бодови освои Љубиша Младеновски од Куманово, потоа Александар Цветковиќ од Смедерево и Драган Ќурчиќ од Ниш.Победниците добија пехари и медали. Купот се одржа на спортскиот аеродром Аџитепе, во две дисциплина: скок на цел и скок од 4000 метри, а се натпреваруваа 7 екипи со 30 падобранци од Македонија, Црна Гора и Србија.

    - Организиравме натпревар од меѓународен карактер и се надеваме дека ќе стане традиционален, помасовен. Очекуваме од идната година да влеземе во програмата на Воздухопловната федерација, бидејќи учесниците се презадоволни од натпреварувањето. За првпат во Македонија е направен тандем скок и скок од 4300 метри што е вистинско задоволство за нас како организатори- рече Љупчо Стаменковски, претседател на аеро-клубот „Доне Божинов„.

    Тандем скокот го изведе српскиот падобранец Александар Цветковиќ од Смедерево со манекенката Рената Стоилковска од Скопје.

    Од клубот интензиовно работат на актуелизирање на овој спорт во Македонија и се надеваат на подрѓка од надлежните државни и локални институции, бидејќи на просторот на поранешна Југославија, аеро-клубот „Доне Божинов„ добиваше престижни награди и признанија.