Повреден работник во фабрика во Куманово
02.10.2026 11:49
| KumanovoNews
Педесет и осумгодишен работник е повреден при извршување на работни задачи во фабрика во Куманово.
Случајот во полиција го пријавиле лекари од Општата болница Куманово.
„Ј.Ц. (58) од Куманово се здобил со повреди при извршување на работни задачи во фабрика на улицата „11 Ноември“ во Куманово. За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.