Едногодишно дете се затруло со лекови
15.11.2026 13:21
| KumanovoNews
Едногодишно дете синоќа било донесено во Кумановската болница со знаци на труење.
„Во 22:18 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено едногодишно дете од Куманово, кое било затруено со лекови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Труењата кај малите деца стануваат сè почеста појава. Речиси и да нема месец без пријава за дете кое се затруло со детергент, разредувач, лекови или други опасни супстанции.