Поради реконструкција на улицата „425“ од понеделник ќе биде изменет автобускиот превоз кон Тромеѓа
14.11.2026 10:22
| KumanovoNews
Од понеделник ќе започне реконструкцијата на улицата „425“ во кумановската населба Тромеѓа, поради што ќе има промена во одвивањето на автобускиот превоз.
Општина Куманово ги известува граѓаните дека општинскиот линиски превоз на патници на релацијата Бедиње – Тромеѓа на линијата бр. 8, привремено нема да се одвива по вообичаената траса, туку ќе биде пренасочен по улицата „400“.
„Измената ќе важи сè додека не се создадат услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот по улицата „425“ - пат за село Тромеѓа. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни, трпеливи и да имаат разбирање за време на изведувањето на градежните работи и изменетиот режим на сообраќај“, соопштуваат од Општина Куманово.