Доцни исплатата на туѓа нега, парите се очекуваат од 16 ноември
Доцни исплатата на надоместокот за помош и нега од друго лице, познат како туѓа нега, реaгираат граѓаните.
Надоместокот досега најчесто го добивале до шестиот ден во месецот, но овојпат исплатата ќе доцни повеќе од десет дена.
Деновиве граѓаните на социјалните мрежи прашуваат кога ќе започне и зошто доцни исплатата на средствата за „туѓа нега“. Дел од нив се жалат дека поради тоа не можат да ги набават потребните лекови и да ги обезбедат основните животни потреби.
Од Министерството за социјална политика, демографија и млади, за сдк.мк информираат дека поради откриени неправилности при проверки во системот за социјална заштита, дополнителната исплата на средствата за правата од социјална заштита ќе започне на 16 ноември, со цел да се отстранат утврдените неправилности.