Мени

Повеќе населби и села ќе останат без струја денеска и во наредните денови

12.11.2026 07:53 | KumanovoNews

Повеќе улици во Куманово, населбата Карпош, како и неколку села во Кумановско и Липковско, денеска и во наредните денови ќе имаат прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

 

Повеќе населби и села ќе останат без струја денеска и во наредните денови

Според најавата, денеска (12 ноември), во периодот од 8:30 до 13:30 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Бајрам Шабани“, „Косовски бригади“, „Франц Розман“, „Максим Горки“ и „Славиша Вајнер“ во Куманово.

Истиот ден, од 8:30 до 15 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во делови од населбата Карпош, односно на улиците 100, 143, 145, 146, 148, 149, 150, 151 и 157.

 Утре, 13 ноември, од 8:45 до 14:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците во населбата Бедиње, на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“, додека од 9 до 15 часот прекин е најавен и за дел од селото Умин Дол.

На 16 ноември, од 9 до 14 часот, прекин ќе има во дел од улицата 60 во населбата Карпош.

На 17 ноември, од 8:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Моша Пијаде“, спроти продавницата „Нептун“, а од 9 до 12 часот прекин е најавен и во селото Клечевце.

На 23 ноември, од 9 до 11 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе има во дел од селото Опае, во Општина Липково.

На 24 ноември, од 8 до 15 часот, без струја ќе бидат селата Табановце, Војник и Сопот, како и воените објекти во селото Четирце.

На 25 ноември, од 8 до 15 часот, прекин е најавен во дел од селото Младо Нагоричане, кај мелницата „Моша Мел“.

Истиот ден, од 9:15 до 14 часот, поради реконструкција на нисконапонска мрежа, без електрична енергија ќе остане компанијата „Тушевски“ на улицата „11 Октомври“ во Куманово.

Во декември се најавени уште два прекина поради реконструкција на нисконапонската мрежа. На 1 декември, од 8:30 до 13:30 часот, на улицата „Козјачка“ во Доброшане кај компанијата „Куљар“, а на 2 декември, во истиот временски период, компанијата „Душан Млин“ во селото Скачковце.

Станува збор за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, согласно најавениот распоред на Електродистрибуција.