Ја малтретирал вонбрачната партнерка и не ѝ дозволувал да си замине во Босна
Четириесет и двeгодишна жена од Босна и Херцеговина, со живеалиште во кратовско село, пријавила дека била малтретирана од нејзиниот партнер И.Д.(46).
„Постапено e по пријавата, со жената и со нејзиниот партнер бил извршен службен разговор, при што таа изјавила дека му побарала пари да си оди, но тој не ѝ дал и затоа пријавила. Тој бил предупреден, а таа била спроведена во прифатен центар за странци во Скопје за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
Неколку дена подоцна во ОВР Кратово, од Националната мрежа против семејно насилство било пријавено дека, додека живееле во вонбрачна заедница, И.Д. ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал, а по извршени лекарски прегледи било утврдено дека е бремена и дека има хематоми на некои делови од телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.