Без струја повеќе кумановски населби и села денеска и во наредните денови
Повеќе населени места во Куманово и околните општини денеска и во наредните денови и недели ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, најавени од ЕВН Македонија.
Денеска, без струја од 9 до 14 часот ќе бидат жителите на населбата Карпош, поточно дел од улицата „60“.
Утре, 17 ноември, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на дел од улицата „Моша Пијаде“, спроти продавницата „Нептун“, во периодот од 8:30 до 14:30 часот, како и во селото Клечовце од 9 до 12 часот.
На 23 ноември, од 9 до 11 часот, без струја ќе биде дел од селото Опае, во Општина Липково.
На 24 ноември, во периодот од 8 до 15 часот, прекин во снабдувањето е најавен во селата Табановце, Воиновиќ и Сопот, како и во воените објекти во селото Четирце.
На 25 ноември, од 8 до 15 часот, без струја ќе остане дел од селото Младо Нагоричане, кај мелницата „Моша Мел“, во Општина Старо Нагоричане.
Истиот ден, поради реконструкција на нисконапонската мрежа, од 9:15 до 14 часот без електрична енергија ќе биде компанијата „Тушевски“ на улицата „11 Октомври“ во Куманово.
На 1 декември, од 8:30 до 13:30 часот, поради реконструкција на нисконапонската мрежа, без струја ќе биде компанијата „Куљар“ на улицата „Козјачка“ во Доброшане.
На 2 декември, во истиот временски период, од 8:30 до 13:30 часот, прекин во снабдувањето е најавен за компанијата „Душан Млин“ во селото Скачковце, исто така поради реконструкција на нисконапонската мрежа.