Најголем превид во историјата на фудбалот
Веројатно еден од најголемите превиди во модерниот фудбал се случи на натпреварот во Светското првенство за жени, помеѓу репрезентациите на Австралија и Екваторијална Гвинеја.
При водство од 1:0, Бруна, одбрамбената играчка на Е.Гвинеја на општо запрепастување на публиката ја зеде топката во своите раце одкако австралијанките ја погодија стативата од голот. Бидејки играта беше во тек, логично би било да се досуди еданаестерец.
Апелите кон судијата не вродиле со плод, а тренерот не ја забележал ситуацијата.
Ние станавме од клупата ради шансата за гол. Воопшто не видов што се случи. Потоа луѓето ми објаснуваа но не верував, и им реков да престанат да се шегуваат. После мечот ја видов снимката и останав затечен. Една од моите фудбалерки ми рече дека веројатно помислила дека чула судиски свиреж, па ја фатила топката - изјави тренерот на Австралија Сермани