Пет медали на кривопаланечките каратисти на турнир во Скопје
Каратистите на КК „Шампион – Крива Паланка“ освоија пет медали на големиот турнир што се одржа вчера во Скопје.
Најголем успех постигна Даријан Николовски, кој освои златен медал во категоријата јуниори 76+ кг и со тоа обезбеди пласман на претстојното Европско првенство.
Вукашин Јовановиќ освои сребрен медал во категоријата У21 -67 кг, иако настапи со свежа повреда од минатонеделното Балканско првенство во Хрватска.
Со бронзени медали се закитија: Ива Стојановска – кадети, жени -61 кг, Теодор Павловски – У21, мажи 84+ кг и Адријан Симоновски – јуниори, мажи -76 кг.
Во силна конкуренција од 48 екипи и 210 натпреварувачи, кривопаланечките каратисти покажаа одлични резултати.
На турниот настапија и каратистите:Ива Алексовска, Вукашин Јовановиќ, Михаил Алексовски, Петар Вучевски, Јордан Маџовски, Даријан Николовски, Теодор Павловски, Адријан Симоновски, Ива Стојановска и Христијан Стојановски.
Од клубот истакнуваат дека се задоволни од борбеноста и настапот на сите десет каратисти, кои достојно ја претставија Крива Паланка на меѓународната сцена.
Никола Митовски

