×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три години нема избор на најдобар спортист во Куманово, за 2023 се чека одлука на УО на Сојузот на спортови

    23.01.2024 14:08 | Оливера Пешевска

    По пауза од три години најверојатно годинава ќе се организира манифестацијата за избор на најдобар спортист во Куманово. 

    Три години нема избор на најдобар спортист во Куманово, за 2023 се чека одлука на УО на Сојузот на спортови

    Од Сојуз на спортови Куманово велат дека намерата им е манифестацијата да се одржи кон крајот на февруари или почетокот на март, но одлука треба да ја донесе управниот одбор на сојузот.

    „Верувам дека по неколкугодишна пауза ќе прогласиме најдобар спортист на Куманово за 2023 година. Мора да поминат пропишаните процедури во сојузот, но би требало за многу скоро да ја имаме и објавиме одлуката. Потоа клубовите ќе можат да ги пријават своите кандидати за признанието“,  истакна Филип Колевски, претседател на Сојузот на спортови.

    Сојузот на спортови на Куманово традиционално доделува признанија за најдобар спортист, по една награда за најдобар клуб, за најдобар тренер во сениорска и младинска категорија, награда за животно дело, за меѓународен успешен спортист, за најдобар спортист пензионер, за најдобар спортист со инвалидитет. На тој начин општината со години го верификува и наградува успехот на спортистите во градот.

    Во рамките на манифестацијата се доделуваат и благодарници, како и награди за училишен спорт - и за ученици и за професори.

    Во декември 2019 година за последен пат е одржан изборот за најдобар спортист на Куманово.