ЖРК Куманово со втора победа на пријателски натпревар со Вардар
        03.09.2020 08:08
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Кумановските ракометарки на вториот контролен натпревар со екипата на Вардар постигнаа убедлива победа од 10 гола разлика. Натпреварот со ЖРК Вардар заврши со резултат 36:26.
                  Ова е втора победа на клубот од Куманово, на подготвителните натпревари, откако претходно ја совлада екипата на гостински терен со резултат 25:21.
Следниот натпревар ЖРК Куманово, го игра на домашен терен против екипата на ЖРК Чаир во сабота на 5.9.2020 година во 18:30 часот.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



