×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 10 членови на кризниот штаб и 21 здравствен работник се меѓу 43 новозаболени од коронавирус во Куманово

    16.04.2020 13:59 | KumanovoNews

    Нови 43  случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во изнинатото деноноќие во Куманово, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.

    10 членови на кризниот штаб и 21 здравствен работник се меѓу 43 новозаболени од коронавирус во Куманово

    Според директорот Ариф Љатифи, 10 од заразените се членови на Општинскиот кризен штаб меѓу кои и градоначалникот Максим Димитриевски, а 21 се здравствени работници.

    - 19 новозаболени се од Кумановската болница, по еден од Здравствениот дом и од приватна ординација. Меѓу заболените има петмина лекари. Зголемениот број на позитивни случаи е резултат на големиот број на тестирани групи, кои имаат повеќе контакти, - изјави Љатифи.

    Тој вели дека во Куманово се дефинирани и идентификувани 12 кластери на заразата и дека состојбата е под контрола и покрај големиот број на новозаболени.

    Во Кумановската болница бројот на потврдени од КОВИД-19 се искачи на 73.

    Во Куманово  досега се заболени 305 лица.