×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 10 години од нападот во Диво Насеље

    09.05.2025 09:56 | KumanovoNews

    Денеска се навршуваат 10 години од вооружениот напад на терористичка група во кумановската населба Диво Насеље, кога беа убиени 8 припадници на државните безбедносни сили, а 37 беа повредени.

    10 години од нападот во Диво Насеље

    Во полициска акцијата за разбивање на вооружена терористичка група, престрелките траеја на 9 и 10 мај, а целиот град беше под тензија дали конфликтот ќе се прошири и во другите населби на Куманово.

    Во борбите беа убиени полицајците Жарко Кузмановски и Сашо Самојловски од с.Брвеница, Ненад Серафимовски од с. Зубовце, Горан Илијевски од Гостивар, Бобан Ивановиќ, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ од Скопје.

    Акцијата започна во раните утрински часови, во 4.30 часот во сабота, 9 мај, а траеше непрекинато 28 часа. По завршување на пресметката беа приведени 36 члена на терористичката група, а 14 од нив беа убуени. Надлежните тогаш информираа дека се работи за група која била закана за целиот регион, а нејзините членови биле барани со меѓународни потерници.

    Пред две години беше поставено Спомен обележје во чест на загинатите припадници на македонската полиција во кругот на СВР Куманово, а насликан е и мурал во централното градско подрачје посветен на специјалната единица „Тигри“.

    За денеска во 11 часот, во Црквата „Свети Никола“ е закажана панихида за осум загинати припадници на безбедносните сили.

    Точно напладне пред спомен плочата пред СВР Куманово свежо цвеќе ќе положи делегација од полицијата и Бирото за јавна безбедност.