10 новозаболени и 7 оздравени пациенти од коронавирус во Куманово
        11.08.2020 12:52
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на ковид-19 во земјата. Најмногу има во Скопје 39, Штип 23, Кичево 18, Гостивар 13 и Куманово 10.
                  Почината е една пациентка (51) од Скопје во болнички услови. Регистрирани се вкупно 161 оздравен пациент. Највеќе во Скопје, и тоа 60. Потоа следуваат Гостивар со 35, Струга со 15, Свети Николе 13 и Куманово 7.
Досега во земјата се направени вкупно 117475 тестирања, а бројката на заболени ја надмина бројката од 12.000. Починати се 529 пациенти поради компликација од вирусот.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



