×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 11 нови случаи во Липково, еден новозаболен и еден починат во Куманово

    09.06.2020 13:18 | KumanovoNews

    Вкупно 12 нови случаи и еден починат од вирусот КОВИД-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив 11 се во Липково, додека еден новозаболен и еден починат во Куманово.

    11 нови случаи во Липково, еден новозаболен и еден починат во Куманово

    „Сите новозаболени се од Матејче, од познат кластер, две семејства откриени на крајот на минатата недела. Меѓу  нив се и 4 деца, но сите се асимптоматични и немаат здравствени проблеми. И денеска продолжуваме со тестирањето, земени се 20 тестови во Липково и 30 во Куманово“, - вели директорот на Центарот за јавно здравје, Ариф Љатифи.

    На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

    Во Куманово има 27 активни случаи, додека пак во Општина Липково бројката е многу поголема и брои 126 пациенти.

    Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19. По градови:

    - Скопје 41
    - Куманово 12
    - Штип 16
    - Тетово 10
    - Струга 1
    - Охрид 2
    - Гостивар 1
    - Пробиштип 4

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.

    - Скопје 1
    - Прилеп 2
    - Тетово 2

    Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на КОВИД -19

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.