110 - годишнината од Кумановската битка ќе се одбележи во недела на Зебрњак
Во недела во 12 часот на Спомен костурницата „Зебрњак“ ќе се одбележи 110 годишнината Кумановската битка, која се случила на 23 и 24 октомври 1912 година во близина на Куманово.

Во Кумановската битка, српската војска изгуби 687 војника, 3.280 биле ранети и 597 исчезнати. Турска Вардарска армија, пак, претрпела пораз со 1.200 загинати, 3.000 ранети и 327 заробени војника.
Годишнината од битката ја организира Владата на Република Србија и Амбасадата на Република Србија во Македонија.
Во име на Владата на Србија цвеќе ќе положи министерката Дарија Кисиќ - Тепавчевиќ.
Од Амбасадата на Република Србија во Македонија ги повикуваат граѓаните да дојдат на комеморативната церемонија.