×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 13 новозаболени и еден оздравен од коронавирус во Куманово

    16.08.2020 15:02 | KumanovoNews

     Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, на ниво на државата. По градови: Скопје 34, Гостивар 20, Куманово 13, Тетово 8, Струга 1, Битола 1, Кавадарци 4...

    13 новозаболени и еден оздравен од коронавирус во Куманово

    Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49, 74 и 72), пациентка од Струга (53), и пациентка од Берово (57). Сите пациенти се починати во болнички услови.   

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент.

    Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.