Мени

Распуштена единицата за борба против трговија со дрога во Куманово, немала резултати

17.09.2026 15:16 | KumanovoNews

Распуштена е регионалната единица во рамки на криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога, затоа што немала резултати.

Распуштена единицата за борба против трговија со дрога во Куманово, немала резултати

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде што во фокусот беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

„Во борбата против криминалот нема простор за работа само на хартија. Потребни се конкретни акции, откриени сторители, запленета дрога и разбиени криминални мрежи. Кога резултатите изостануваат, следува одговорност – без изговори и привилегии“, порача Јанев.

По 11 недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни резултати. Поради тоа, на предлог на директорот Јанев, со одобрение од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, распуштена е регионалната организациска единица во рамки на криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога.

Сите членови на единицата се разрешени и упатени на други работни места, а на нивно место се поставени нови полициски службеници.

Јанев најави дека ќе продолжат одлучните чекори секаде каде што ќе биде констатирано неработење или отсуство на резултати.