Краделе нафта од камиони, полицијата ги фатила
31.10.2026 11:04
| KumanovoNews
Полицијата приведе две 19-годишни момчиња од Куманово, затоа што краделе нафта од камиони.
„Тие се сомничат дека во период од 28 до 30 октомври, одзеле нафта од резервоари на товарно возило „мерцедес актрос“ со кумановски регистарски ознаки и товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Куманово, кои биле паркирани на бензинска пумпа во Куманово“, соопшти МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.