Во понеделник и вторник без струја делови од Куманово
01.11.2026 11:27
| KumanovoNews
Неколку локации во Куманово и едно село во понеделник и вторник, ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Утре од 8:30 до 14:30 часот, струја ќе немаат потрошувачите во селото Долно Јачинце.
Oд 9:30 до 14 часот прекин ќе има во населбата Средорек, дел од улицата „Доне Божинов“, објектите околу Автобуската станица и дел од улицата „Никола Тесла“.
Во вторник, од 8 до 14 часот, без електрична енергија ќе бидат делови од улиците „Боро Прцан“ и „Србо Томовиќ“, дел од улицата „11-ти Ноември“ пред мостот за населбата Бедиње, како и улицата „Осогово“.
Истиот ден, од 8:30 до 13 часот, прекин во снабдувањето ќе има и на улицата „Егејска Македонија“.