×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 14 загинати и 12 повредени во пожарот во тетовскиот ковид-центар

    09.09.2021 08:42 | Сузана Николиќ

    Вкупно 14 лица загинаа, а 12 се на лекување во Тетовската болница и се надвор од животна опасност, во вчерашниот пожар во модуларниот Ковид-центар во Тетово, соопшти Министерството за здравство. 

    14 загинати и 12 повредени во пожарот во тетовскиот ковид-центар

    Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди, велат од Министерството.

    „Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан“, информира Министерството.


    Пожарот во кој изгоре модуларната болница избувна вчеравечер во 21 часот и многу брзо се рашири. Изгасен беше околу 21.45 часот.