17 новозаболени од коронавирус во Куманово и Липково
Се зголемува бројот на заразени од коронавирус во Кумановско и Ликовско. Во Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска се регистрирани 17 нови случаи на ковид-19. Од нов 15 се во Куманово и по еден во Оризаре и Опае.

Директорот на Центарот Ариф Љатифи, вели дека сите заразени се од познати кластери, денеска има дури 4 нови случаи од едно семејство.
На ниво на државата во последните 24 часа регистрирани се 199 нови случаи, а направени се 1545 тестирања. По градови:Скопје 90, Свети Николе 24, Куманово 17, Дебар 6, Штип 9, Прилеп 3, Тетово 12, Струга 12, Гостивар 5...
Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975, бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.