19 новозаболени од коронавирус во Куманово
23.08.2020 18:16
| KumanovoNews
Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се 19 новозаболени од коронавирус во изминатото деноноќие.
На ниво на државата регистрирани се 137 нови случаи од 1414 тестирања. По градови: Скопје 53, Куманово 19, Штип 8, Гостивар 10, Свети Николе 6 и др.
Во болнички услови почин 63 годишен пациент од Дебар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921.