×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 19 новозаболени од коронавирус во кумановско, од вкупно 120 во земјава

    04.06.2020 11:11 | KumanovoNews

     Нови 19 случаи позитивни на вирусот КОВИД-19 се регистрирани во последното деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово, кое ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричане. 

    19 новозаболени од коронавирус во кумановско, од вкупно 120 во земјава

    Во последните 24 часа  регистрирани се 120 нови случаи на коронавирус од направени 953 тестирања.

    - Скопје 67

    - Куманово 19

    - Штип 16

    - Прилеп 4

    - Тетово 9

    - Велес 2

    - Гостивар 1

    - Неготино 1

    - Струмица 1

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

    - Скопје 8

    - Штип 3

    - Прилеп 2

    - Тетово 1

    - Велес 1

    - Битола 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.