2019 година ќе се памети како година на раздолжувањe и инвестиции, рече Јовановска на прославата на 11 Ноември
Иако не беше лесно, успејавме да го вратиме наследениот долг од 750.000 евра, да се раздолжиме кон големиот број на доверители и да ги решиме проблемите со напластените обврски.

Истовремено го консолидиравме општинскиот буџет, креиравме повеќе развојни проекти за наредната година, која се надеваме дека ќе биде поуспешна.Она што на прв поглед изгледаше невозможно, само за една година со несебична поддршка на централната власт стана наша реалност“, - рече градоначалничката Жаклина Јовановска, на свеченоста по повод Денот на ослободувањето на Општина Старо Нагоричане, 11 Ноември.
Обраќајќи се пред присутните граѓани и гости, Јовановска нагласи дека 2019 година ќе се памети како година на раздолжување и инвестиции, а идната година ќе биде одбележана како година на капитални инвестиции за Старо Нагоричане.
„Во 2020 година ќе продолжиме да инвестираме, да градиме, да се развиваме. Идната година планираме да ја одбележиме со повеќе значајни проекти, а фокусот ќе го ставиме на развојот на руралниот и културен туризам, кој ќе ни овозможи економски раст. Нашите главни предности каде што можеме да се развиваме се токму природните и културни ресурси во нашата Општина, и затоа потребно е максимално да ги искристиме“,- рече Јовановска.
Помеѓу двата празника реализирани се повеќе проекти, а како најзначајни се реконструкцијата на регионалниот пат Младо Нагоричане - граничен премин Пелинце, асфалтирање на повеќе локалните патишта во селата Младо Нагоричане, Цвиланце и Арбанашко. Изградба на пешачка патека, детска градинка и осветлување во селото Младо Нагоричане, набавка на теренско возило, градежна механизација, опрема и други ресурси за општината.
На свеченоста беа доделени и Ноемвриски награди. Во категоријата најдобар земјоделец е Игор Стојковски од с. Младо Нагоричане, за најдобар сточар Срѓан Антиќ од село Драгоманце, за најуспешна фирма наградата ја добива „ЕВРОС КОМЕРЦ“ од Старо Нагоричане, за најдобар спортист е прогласен Мартин Стојковски од с.Младо Нагоричане и за најдобар просветен работник Сања Велковска професор во основното училиште „Христијан Карпош“ во Младо Нагоричане.