×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 22-годишно момче меѓу новите четворица починати од ковид-19 во Куманово, регистрирани 53 новозаболени

    31.08.2021 19:22 | Сузана Николиќ

    Момче на 22-годишна возраст од Куманово почина од компликации на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје. Тоа пред десетина дена било донесено во Кумановската болница со веќе развиена масивна пневмонија, по што било префрлено на лекување на клиника.

    22-годишно момче меѓу новите четворица починати од ковид-19 во Куманово, регистрирани 53 новозаболени

    Од Куманово починаа уште три лица на 85, 69 и 57 - годишна возраст. Регистрирани се и 53 новозаболени и 43 оздравени.

    Во последните 24 часа на ниво на државата регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19, а направени се 5.844 тестирањe. По градови во: Скопје – 368, Тетово – 78, Гостивар и Куманово – по 53, Кичево – 40, Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар – по 15, Ресен - 13, Свети Николе – 12, Велес и Радовиш – по 11, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5, Крива Паланака, Берово и Виница – по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3. Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар – 1.

    Пријавени се 37 починати лица: 10 починати лица од Скопје (78г, 73г, 71г, 69г, 69г, 67г, 61г, 56г, 48г, 42г), 8 починати лица од Тетово (85г, 83г, 80г, 78г, 74г, 63г, 62г, 53г ), По 4 починати лица од Куманово (85г, 69г, 57г, 22г ) и Струга (69г, 64г, 63г, 61г ),3 починати лица од Гостивар  (81г, 66г, 58г ),  2 починати лица од Кочани (78г, 63г ),  и по едно починато лице од Прилеп ( 62г ), Велес ( 35г ), Кавадарци ( 61г ), Струмица ( 79г ), Кичево ( 57г ) и Дебар ( 75г ).Сите пријавени лица  се починати во болнички услови.

    Регистрирани сe 661 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 110, Гостивар - 72, Струмица – 64, Кичево – 54, Куманово – 43, Штип – 16, Битола – 15, Радовиш и Дебар – по 11, Кочани – 9, Ресен – 8, Берово и Кратово – по 5, Велес – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 2, Гевгелија – 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.158.171 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 76057, Активни 5523
    Куманово 10215, Активни 898
    Прилеп 8660, Активни 267
    Тетово 10288, Активни 1976
    Битола 6702, Активни 258
    Велес 5759, Активни 220
    Гостивар 7610, Активни 1199.