×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 30 таблет-компјутери за ученици од ранливи семејства во училиштето „Христијан Карпош“

    24.07.2020 06:59 | KumanovoNews

    Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ - Тетово во соработка со Општина Куманово, вчера подели таблети-компјутери со 10 ГБ интернет, на 30 ученици од ООУ „Христијан Карпош“, кои доаѓаат од сиромашни семејства.

    30 таблет-компјутери за ученици од ранливи семејства во училиштето „Христијан Карпош“

     Оваа донација е наменета за учениците кои останаа надвор од образовниот процес, заради недостаток на дигитални уреди во второто полугодие од учебната година. Според директорката Лидија Костиќ, со проектот се опфатени дечиња од ромската заедница, од прво, второ и шесто одделение по избор на невладината организација.

    „Децата коишто добија таблети и интеренет во текот на август со своите учителки ќе надокнадат дел од пропуштеното градиво, а од септември ќе продолжат редовно да ја следат наставата. Имаме најава дека во август ќе добиеме уште една помош во таблети и се надевам дека тогаш ќе бидат опфатени деца и од другите заедници, кои потекнуваат од семејства со слаб матерјален статус“, - вели Костиќ.   

    Донацијата на учениците за следење на настава од далечина е остварена преку проектот “Подобрување на средината за учење на учениците во основно образование”. Во училиштето при врачување на донацијата присуствуваа претставници од Општината и директорот на ромскиот едукативен фонд Реџеп Али Чупи.

    Покрај Куманово со проектот се опфатени и општините: Кичево, Кочани, Берово, Битола, Прилеп, Штип, Виница и Делчево.