41 прекршок за неносење на заштитна маска изминатото деноноќие во Кумановско
26.06.2020 08:43
| KumanovoNews
Кумановската полиција изминатото деноноќие регистрирала 41 прекршок за неносење на лична заштита на лицето.

„На подрачјето на Општина Куманово, Старо Нагоричани и Липково во изминатото деноноќие се регистирани 41 прекршок за неносење на лична заштита на лицето“, соопштуваат од СВР Куманово.
Мерката за носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама) надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници итн, беше донесена на 22 април. Целта на оваа мерка е да се заштити здравјето на граѓаните.