×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 600 пакети со храна и средства за хигиена за граѓаните на Куманово од полскиот народ

    26.05.2020 13:56 | KumanovoNews

     Амбасадата на Полска донираше 600 пакети со храна и средства за хигиена за ранливите категории на граѓани во Куманово. Донацијата ја донесе амбасадорот Војциех Тицињски, кој денеска се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски во Општина Кумaново.

    600 пакети со храна и средства за хигиена за граѓаните на Куманово од полскиот народ

    „Да се заблагодарам и за помошта која што граѓаните на Полска издвоија за Куманово, во овие тешки моменти на коронакризата, се работи за донација на одреден број на прехранбени пакети кои ќе бидат дистрибуирани до социјално загрозените граѓани во Куманово. Донацијата се состои од 600 хуманитарни пакети кои според списокот на Центарот за социјални работи ќе бидат поделени на нашите сограѓани кои имаат потреба од нив“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Градоналаникот истакна дека пријателството на Општина Куманово со градови од Полска е  долгогодишно, поради што работат на заеднички проекти во рамките на организацијата на Асоцијајацијата на градовите носителите на порака на мирот.

     Амбасадорот Тицињски рече дека е задоволен од спроведувањето на овој значаен хуманитарен проект, кој ги потврдува блиските односи меѓу Полска и Северна Македонија, не само на политичко, туку и меѓучовечко ниво.

    „Целиот свет последниве месеци е зафатен од пандемијата КОВИД-19. Не ја заобиколи ни мојата земја Полска како и Северна Македонија. Куманово беше особено погодено во медицински но и економски поглед. Многу жители на Куманово ги загубија своите работни места и се најдоа во тешка животна ситуација. Соочен со толку многу проблеми градоначалникот ни се обрати за помош. Многу сум среќен што ние како Полска успеавме позитивно да одговориме на ова барање. Денес нашата амбасада му доделува на Куманово средства за набавка на 600 пакети со храна и средства за хигиена наменети за ранливите семејства, кажа амбасадорот.

    Тој им посака на жителите на Куманово се надобро, ефикасна борба со пандемијата и што поскоро надминување на економските и социјалните последици.