АХВ: СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни и диви животни
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упатува апел за максимално почитување на препораките од Светската здравствена организација – СЗО со цел, спречување на појава и ширење на Корона вирусот и во нашата земја.

Бидејќи станува збор за зооноза, болест која може да се пренесе и преку контакт со животни и производи од животинско потекло, АХВ во координација со Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, ги информира и упатува апел до ветеринарните друштва за максимално почитување и информирање и на граѓаните за препораките за заштита од можна појава и пренесување на корона вирусот и преку животните и храната од животинско потекло.
- СЗО апелира да се избегнува незаштитен контакт со домашни или диви животни, храната од животинско потекло темелно термички да се обработи при подготовката, да се користат различни садови и ножеви при подготовка и сечкање на сирова и зготвена храна, рацете да се мијат после секој контакт со различните видови храна ( сирова или зготвена). При работа со животни да се носат заштитни ракавици и маски, а работната облека секојдневно да се преслекува и пере,-пренесуваат од АХВ.
Задолжително да се мијат рацете при контакт со животни и храна од животинско потекло, а треба и да избегнува и конаткт со болни животни, расипано месо, отпадоци и отпадни материи.