Акција за вдомување на бездомни кучиња
14.01.2020 08:51
| KumanovoNews
Во сабота на Градскиот плоштад во Куманово, со почеток во 10 часот, ќе се одржи акција за вдомување на бездомни животни, пред се кучиња.

„Вдомувањето се врши во соработка со Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“, Секторот за инспекција од општина Куманово и здруженија за грижа на животни. Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се приклучат на акцијата, - соопштуваат од Општина Куманово.
Во Куманово во изминатиот период беа организирани повеќе акции за вдомување на бездомни животни, кои наидоа на добар одзив кај граѓаните.