Ако не се почитува самоизолацијата, следува државен карантин на сопствен трошок
На денешната седница е донесена Уредба со која доколку некое лице одбие да седи во самоизолација, му се одредува карантин во траење од 14 дена, а ќе си ја плати и сметката за сместување.

„Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови - домашна самоизолација, му се одредува мерката строга изолација - карантин во времетраење од 14 дена, во објекти определени од Владата на Република Северна Македонија, за што Министерството за внатрешни работи донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на тоа лице“, соопштуваат од Владата.